Обвинителот Вилма Рускоска: За ова кривично дело, според законот, е предвидена минимална затворска казна од 10 години.

Објавил: Македонка Димкин | 31 јануари, 2019 23:16

Вистинските организатори на настаните од 27 април, Зоран Заев и Али Ахмети?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Денеска по којзнае кој пат се одржа рочиште за обвинетите за настаните од 27 Април. Притоа обвинителката Вилма Рускоска во завршни зборови пред судот побара на обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година да им изречат казни со кои ќе се постигне целта за делото за кое се обвинети, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.

Луѓето што протестираа под мотото за Заедничка Македонија протестираа секој ден почнувајќи од 18 часот па натаму. Тој кобен ден Зоран Заев и Али Ахмети решиле да го изгласаат Талат Џафери за претседател на Собранието , против уставно и против деловнички. Знаејќи каков ќе биде епилогот на Ахмети му е сугерирано да не се појавува во Собранието што се виде и од директниот пренос во Собранието. Сценаристот можел да го предвиди гласањето на Џафери во 12 часот кога всушност беше мирно и без луѓето кои протестираа, но тој се одлучил гласањето да биде нешто после 18 часот знаејќи дека е тоа против уставно, против законско , и знаејќи дека народот ќе реагира за да може да ги вовлече во стапица која трае и до ден денес.

Кој е всушност вистинскиот организатор на настаните од 27 Април?

Дали тоа таков подвиг му одеше во полза на Груевски? Не, зошто би го правел тоа Груевски и од каде тоа знаел Груевски дека Џафери ќе биде против сите закони избран нешто после 18 часот? Дали му одеа во полза насилните упади од 27 Април на Зоран Заев? Да секако, бидејќи само така можеше да го оствари планот кој деновиве го реализираше, затоа беше потребно притворање на Чавков (за кого се смета дека имаше силни конекции во полицијата), Јане Ченто (за кого се смета дека има легитимитет кај многу патриоти) , Игор Дурловски еден од организаторите на мирните протести и ценет академски граѓанин  и многу други.

Всушност како поинаку ќе го притвореа Митко Чавков, како поинаку ќе го растуреа движењето ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, ако не му залепеа етикета на терористичко движење? 

И како поинаку ќе ги замолчеа многубројните патриоти кои евентуално при сите овие сценарија кои ги видовме досега, ќе станеа да го бранат уставниот поредок на Република Македонија? Како поинаку ќе го заплашеа македонскиот народ да молчи и да ќути  знаејќи што се планираат во разнебитувањето на Македонската држава

Судењето за случајот „27 април“ почна во август минатата година против вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување, а со Законот за амнестија помилувани беа 15 обвинети. Photo MIA

Затоа ова сценарио им одеше единствено во полза, само на Зоран Заев и Али Ахмети, едниот да постане Премиер и  да го промени името на Македонија и со тоа да си одработи да не бидат објавени  бомбите кои беа спремни да се објават против него и неговите криминали, а вториот да  ги оправда милионските суми добиени од албанската дијаспора  дека еве го направил Албанскиот за втор службен јазик на цела територија во Република Македонија иако не донесол никаква инвестиција за да го подобри стандардот на албанскот малцинство и во исто време да си го одработи долгот кон чадорот кој беше имал една кошница  полна со бомби кои ќе го разнесеа како пердув доколку и понатаму партипицираше во владата со Груевски.

Така проектантот на концептот за 27 Април  2017 со еден единствен удар ја заврши цела работа, Заев го продаде името Македонија, ја свитка кичмата и им  го продаде идентитетот на Грците, додека пак историјата им ја препушти на Бугарите.

Иако Македонија од 190 земји во ОН беше признаена дури од 140 земји под уставното име Република Македонија, за Зоран Заев тоа не претставуваше никакво значење ниту пак гордост , и така во Македонија , Албанците се запишаа како Албанци, Турците како Турци а Македонците пак борејќи се за своите правдини како Граѓани на Северна Македонија. 

И додека народот излезе на Реферндум кој беше организиран на 30 Септември 2018, и јасно порача, дека не го прифаќа ултиматумот на големите сили, со што не се исполни законскиот цензус на 50% плус 1 излезеност, сепак власта остана глува и како ништо да не било си ја протукра ветената Агенда кон нарачателите.


И денес 31 Јануари 2019 во скопскиот суд  од обвинителката Рускоска  слушнавме:

»» Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните  институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинителството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставниот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.

Организаторот „НЕПОЗНАТ„ а Обвинителката Вилма Рускоска во завршни зборови пред судот побара на обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година да им изречат казни со кои ќе се постигне целта за делото за кое се обвинети, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.

На обвинителна клупа остануваат петмината кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за униформирани лица Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.

Судот ги одби барањата за амнестија на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Судијката Добрила Кацарска, претходно најави, дека на следното рочиште би требало да се изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија и да се започне со завршни зборови.

Обвинителка Вилма Русковска, минатата недела, рече дека обвинителниот акт за случајот „27 април“ не претрпил суштински измени и останува истото кривично дело.


Од денешна дистанца е повеќе од јасно дека организатори или најмалку луѓе кои биле до деталј инфомрирани за тоа што ќе се случи како и што понатаму беа Зоран Заев и Али Ахмети, или двајцата кои  се тупаат во гради дека биле најзаслужни за промената на името на Република Македонија.

Во едно интервју на ТВ24 самит Зоран Заев призна дека Игор Дурловски неможе да биде терорист заота што ја пеел химната, и во право е, Ниту Игор ниту другите се терористе, и времето ќе биде најверен новинар што некогаш ќе ги извести читателите кој, кој тоа го испланирал сценариото на 27 април 2017 година.

Рускоска е обвинител кој што очигледно ја пропушти шансата да го одбрани својот народ, име, достоинство и чест, само со едно повлекување на обвинителниот акт кој всушност е наметнат од истиот оној кој го правел сценариото, а со тоа пак наместо да се запише како македонска личност во историјата таа  во блиска иднина би можела да седна на столчето од луѓето кои сега ги обвинува?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...