„Св. 40 Севастиски маченици – Младенци“

Објавил: Калина Мартинска | 14 април, 2024 11:55

Во сеќавање на убиените момчиња: осветен храмот изграден на Смилковско Езеро

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Иницијатор за изградбата на овој храм е здружението на граѓани Св. 40 Маченици, а со посебна поддршка и помош од градоначалниците на општините Гази Баба и Бутел Бобан Стефковски и Дарко Костовски.

Чинот на осветувањето го изврши поглаварот на Македонската православна црква Охридска Архепископија Господин Господин Стефан кој пред присутните верници истакна:

На ова место се случи исклучителна трагедија извршена од луѓе – нелуѓе, извршена од ѕверови во човечки кожа. Исто како 40те Маченици, животите на тие пет луѓе, христијани и македонци, чеда на мајката црква беа одземени поради само една причина, поради нивната христијанска вера и нивната македонска крв. Преку овие пет христијански души се покажува дека сведоштвото на мачениците претставува семе за црквата. И ете се изгради овој мал, но убав дом божји и денес ја имаме радоста да го осветиме – истакна Г.Г. Стефан.

Тој упати благодарност до сите кои помогнаа за изградба на овој храм, а посебно до градоначалниците на Гази Баба и Бутел, Бобан Стефковски и Дарко Костовски за кој кажа дека ќе бидат одликувани од страна на Скопската епархија.

На осветувањето на храмот, присуствуваа и Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пратениците Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и голем број на граѓани.

Денес присуствував на осветувањето на храмот Свети 40 Маченици кој е во чест на загинатите на Смилковско езеро. Слава им!, истакна Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести