Димитров е првиот министер за надворешни работи кој го понижил македонскиот народ нарекувајќи го нација со комплекс, која лута трагајќи по корените

Објавил: Данаил Михајловски | 3 декември, 2018 3:01

Искомплексиран министер или нација со комплекс!?

Фото/Текст извор: ©магазин

Во политиката, најпрвин, кога како министер се обраќате на народот, на гласачите или на нивните непросредни претставници како што се пратениците, треба да покажете минимум респект и уважување кон тие од кои ја добивате платата, статусот и привилегиите. Наместо респект, министерот Никола Димитров на вчерашната дебата за уставните измени во Собранието, покажа невидена ароганција и потценување на целиот македонски народ нарекувајќи ги македонците “искомплексирана нација“. 

Во недостаток на реални аргументи за одбрана на штетниот Договор од Преспа, чиј потписник е токму тој, Димитров вината за лошиот договор ја префли на несвесниот народ кој не успева да ја разбере визијата на договореното и македонскиот народ го нарече “нација со комплекс која што мора да си ги бара корењата назад во историјата, затоа што не знае кои сме“?! Досега слични вакви понижувања на сметка на македонската нација сме слушале само од Самарас, Каменос, Каракачанов, Шешељ и Андреас Папандреу. Од вчера и од Никола Димитров.

Но, затоа отвараме неколку дилеми за тоа кој е искомплексиран, македонската нација или министерот Никола Димитров?

Првата дилема е дали комплексот на Никола Димитров доаѓа од неговиот татко Димитар Димитров? Родум е од егејското село Цакони, Воденско, и не е никаква тајна дека во текот на неговото делување како професор, како политичар и министер за образование, па министер за култура, а особено во неговите јавни написи, ја застапувал тезата за бугарското потекло на македонската нација. Во една своја колумна во неделникот “Дело“ во 1997 година, Димитар Димитров ќе напише „зошто Србите и Грците имале потреба од насилство (во спроведување на асимилацијата), а Бугарите немале таква потреба? Ако бугаризацијата ја правела релна културната сродност меѓу Бугарите и македонското население/македонските Словени тогаш каква смисла може да има синтагмата ‘опасност од бугаризација’, а исто така и самиот поим ‘бугаризација’? Тоа е рамно на позлатување на златото.” Сосема експлицитно, за таткото на Никола Димитров, сродноста на македонските Словени и Бугарите е реална! И затоа срамота е Никола Димитров да ја шири тезата за искомплексирана македонска нација, туку потребно е македонската јавност да го праша дали министерот Димитров расчистил со нивните фамилијарни комплекси за самобитноста на македонскиот народ.

Димитар Димитров беше амбасадор во Руската Федерација од 2000-03 година, што се поклопи со амбасадорскиот мандат на неговиот син Никола Димитров во Вашингтон и досега тоа е еден од позабележаните случаи на непотизам во македонската дипломатија. Таткото близок со Русија, синот близок со Америка, како сигурна варијанта за било која можна опција!?

Втората дилема за комплексите на Никола Димитров се поврзани со неговиот љубовно-омразен лик, Никола Груевски. Откако е министер за надворешни работи, секогаш кога ќе биде доведен во тесно да нема аргументи да одбрани нешто што го загрозува уставот на Република Македонија, Никола Димитров ја пушта плочата за 2009-та или 2012-та година за антиквизацијата, за заробената држава под водство на Груевски, за режимот што го градел “Скопје 2014“. Но, видете ја биографијата на Никола Димитров и веднаш ќе го видите и неговиот комплекс. Имено, во неговата биографија Димитров е толку искомплексиран што избегнува да го спомене по име Груевски како премиер, чив специјален советник бил токму Димитров, и тоа за евро-интеграции. Беше човек од доверба на Груевски, кој изигруваше паралелен амбасадор во Брисел, бидејќи Груевски немаше доверба во тогашниот амбасадор во ЕУ, Блерим Река. Димитров избегнува да спомене и дека токму Груевски и “заробената држава“ го назначиле за специјален координатор за НАТО интеграции од 2006-09, и дека истиот тој Груевски го предложи Димитров како владино решение за амбасадор во Хаг, Холандија. Дотогаш изгледа бил во љубов со Груевски, но откако не му ја исполнил и следната желба, после Хаг да го прати за амбасадор во Берлин, отогаш изгледа го мрази. Но, овие емотивно-кариерни комплекси меѓу Никола Димитров и Никола Груевски, не смеат да бидат повод за министерот Димитров истите да ги пресликува како комплекси на целата македонска нација.

Третата искомплексираност на Димитров веројатно доаѓа од самиот факт дека тој како октроиран министер, кој не добил ниту еден глас од граѓаните на избори, мора со надменост и ароганција да се постави кон пратениците кои во Собранието имаат позиции токму затоа што за нив гласале илјадници избирачи во Република Македонија. Би било многу добро на некои следни избори токму Никола Димитров да се најде на некоја од изборните листи како кандидат за пратеник, јавно на говорница во Штип, во Охрид, во Велес или Куманово да им соопшти на гласачите дека се припадници на “нација со комплекс“, па потоа да го видиме резултатот и поддршката што ќе ја добие со таквата ароганција. Но, тоа е тешко да се очекува, бидејќи Никола Димитров е навикнат некој друг да го влече возот, дали тоа бил Црвенковски, или Груевски, или сега Заев и Шеќеринска, а тој да се шлепа до функциите со што повисок статус, удобно седејќи во вагонот на наконтените експерти.

Следно, како човек кој никогаш не бил соочен со критика, прозивки и директни политички напади, Димитров има комплекс сето тоа и да го поднесе како министер за надворешни работи. Тој сака да мудрува, да греши, а за него да не се зборува, а камоли пак да се критикува на негова сметка. Само аплаузи ве молам, ако може. Една од аферите во која се забележа оваа негова искомплексираност и неспремност за критика беше и добивањето на стипендија од 40.000 евра за неговата ќерка Јана Димитрова. Имено, на 4-ти Август 2017 година, во ист ден министерската Дескоска формирала комисија за стипендии, и истиот ден комисијата експресно одлучила да и додели стипендија на ќерката на Никола Димитров, кој е колега во истата владата со министерката Дескоска. Јана Димитрова освен стипендијата, ќе добива и пари за станарина, иако Никола Димитров има 123м2 голем стан во Холандија, каде живее и неговата сопруга. Ова е и судир на интереси, и непотизам и хипокризија во едно. Зошто хипокризија. Затоа што истиот тој Никола Димитров, чија ќерка добива секоја година по 40.000 евра од граѓаните на Република Македонија, вчера ги навреди тие граѓани дека се припадници на “нација со комплекс“. Ако на министерот толку не му се допаѓа искомплексираната нација, тогаш се поставува прашање како ли му се допаѓаат 40.000 евра кои таа сиромашна нација и ги плаќа на неговата ќерка за студиите во Холандија. Наместо да и се извини за јавноста за оваа афера, искомплексираниот Димитров преку фејсбук статус и се извини на својата ќерка.

Јана Димитрова има 19 години е најстарото од трите деца на Димитров. Во време кога студентскиот стандард е во опаѓање, таа експресно доби стипендија од 40.000 евра од владата во која министерува нејзиниот татко.

И на крајот, “карма ис а бич“. Читајте внимателно: “Македонскиот народ е пред судбински тест. На политичката опозиција и на граѓанските ассоцијации им претстои работа на проектот движење на отпорот, од кое ќе произлезе влада на национален спас и вонредни избори. Раката да му се исуши – кој ќе стави потпис на најавената спогодба!“ Ова се зборови напишани од Димитар Димитров, таткото на Никола Димитров, објавени во колумната “Уште еден акт на велепредавство“, а посветен на можното решение за името што Глигоров и СДСМ беа подготвени да го потпишат со Грција. И сега потписот на тоа велепредавство го стави неговиот син, Никола Димитров, во Нивици, Егејска Македонија. Според книгата на проф. Марко Китевски, “На клетва лек нема”, објавена во 90-тите години на сега веќе минатиот век, клетвите стигаат до девето колено, а татковата, заедно со кумовата, се сметаат за најтешките. Веројатно и оваа клетва е товар на совеста на министерот Димитров, кој освен во модниот стил, во сите други аспекти од политичкиот и јавниот живот, делува како сериозно искомплексирана личност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...