Панос Каменос, дефинитивно останува на ставот дека штом Договорот од Преспа влезе во парламентот, тие излегуваат од Владата со што ќе има услови за распишување избори

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 16:44

Каменос: Договорот од Преспа ќе ја урне владата на Ципрас

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на партијата „Независни Грци“, Панос Каменос, коалицискиот партнер во грчката влада, денеска рече дека партијата нема да ја поддржи Владата ако Преспанскиот договор за името биде ставен на гласање во грчкиот Парламент.

„Ако овој договор стигне до точката да биде ставен на гласање во грчкиот Парламент, ние немаме мандат од народот да продолжиме и да останеме во владината коалиција“, изјави Каменос, кој е министер за одбрана, јавува Катимерини.

Каменос остана доследен на ставот дека во моментот кога во парламентот ќе влезе во процедура Договорот од Преспа, тие ќе ја напуштат Владата и ќе го информираат претседателот на Грција дека Ципрас нема парламентарно мнозинство, по што ќе мора да се распишат предвремени избори.

“Мојот прв предлог за премиерот ќе биде луѓето да заземат став на  референдум, второ – секоја дискусија (за ова прашање) да се одложи до крајот на нашиот четиригодишен мандат и трето – да се оди на избори”, рече Каменос, сугерирајќи дека договорот за името би можело да доведе до расцеп во коалицијата, која има мало мнозинство во парламентот и да се создадат услови за предвремени избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.