Новинарот Кировски кој важи за близок на политиките на СДСМ, на социјалните мрежи повика да се отповика процесот за воведување прогресивен данок и го нападна Тевдовски

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2018 7:56

Кировски: Тевдовски е тотално изгубен во времето и просторот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот новинар актуелен директор на Телма телевизија, Атанас Кировски преку социјалните мрежи го коментираше зголемувањето на даноците, кое го воведува Владата.

Прогресивниот данок и покрај сите укажувања од страна на јавноста на бизнис заедницата и на граѓаните дека тоа во овој момент за Република Македонија е погрешна мерка сепак ќе биде воведен, најави претходно министерот за финансии Тевдовски.

Кировски кој важи за близок до политиките на СДСМ, на социјалните мрежи напиша:

Ова со даночнава реформа, е таков автогол на СДСМ за кој изгледа сеуште не се ни свесни. Ќарот во буџетот ќе биде минимален, и бездруго помал и од ситните суми кои ги проектираат, а штетата енормна,

Посебна приказна се даноците на се што оди како приход, па дури и на девизните заштеди над 15.000 денари?!

Постариве луѓе и сиромаштијата што оставила некој денар за не дај боже, да ги даночиш е според маалскиот принцип кого удрам не жалам.

Мислам дека не е лошо уште еднаш да размислат, ама без Тевдовски, човекот е тотално изгубен во времето и просторот. – напиша Кировски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...