Макрадули истакна дека они граѓани во зоните каде загадувањето е енормно ќе добијат можност 100 отсто да добијат поддршка од Владата за замена на печките на огревно дрво со високо ефикасни инвертор клими додавајќи дека токму греењето со инвертер клими е еден од најеколошките начини на греење а воедно и најекономичен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 септември, 2019 0:31

Макрадули најави санкции за оние кои ќе земат субвенции, а ќе продолжат да се греат на дрва

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули на денешната прес-конференција истакна дека во општините во Градот Скопје, во Тетово, Битола и во Кичево, Владата согласно Планот за чист воздух ќе започне со доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертер клими.

Заменик министерот за екологија ги презентираше досегашните превземени мерки за намалување на аерозагадувањето.

Макрадули истакна дека они граѓани во зоните каде загадувањето е енормно ќе добијат можност 100 отсто да добијат поддршка од Владата за замена на печките на огревно дрво со високо ефикасни инвертор клими додавајќи дека токму греењето со инвертер клими е еден од најеколошките начини на греење а воедно и најекономичен.

Би сакал да напоменам, вкупно годишните трошоци за греење, да речеме на површина од 60 метри квадратни, со инвертер клима чини 11.734 денари, доколку користите дрва тоа би чинело 18.586, или ако користите нафта за домаќинство дури 43.038 денари, рече министерот.

Освен тоа, Макрадули рече дека покрај загревањето во зимскиот период, инвертор климите во летните месеци како дополнителна вредност, ќе ги ладат просториите каде што се инсталирани.

Макрадули потенцираше дека ќе има казнени мерки и контроли за оние кои и натаму ќе продолжат да се греат на дрва.

Ќе има казнени мерки и контроли. За тоа општините ќе бидат носители на мониторингот. Граѓанинот ќе склучи договор со кој се обврзува дека нема да ја користи печката за огрвено дрво. Доколку се установи дека користи огревно дрво, ќе следат санкции. Се разбира, најзаинтересирани ќе се граѓаните да ја извршат замената бидејќи ќе им е поевтино и нема да ги загадуваат нивните блиски во семејството, истакна Макрадули.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.