Власта најави двегодишен акционен план преку донаторски конвенции да го редуцира аерозагадувањето за 50 отсто, што предизвика бурни реакции кај јавноста и политички партии

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 13:25

До почист воздух преку донации, ама за две години

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бурни реакции по најавата на двегодишниот план на владата преку донаторски конвенции да започне да се справува со аерозагадувањето, реагираат и граѓански активисти но и политички партии.

Владата најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик министерот за животна средина, како раководител на интер-ресорката група за справување со загадувањето Јани Макрадули најави дека станува збор за план во рамки на кој ќе бидат преземени низа активности.

Тој очекува со овој план загадувањето да се намали за 50 проценти.

Тој наведе дека досега се обезбедени 98 милиони денари од буџетот, но дека очекуваат средства од домашни донатори за да се спроведе планот, како на пример од Шведска, Јапонија и САД.

Макрадули не беше конкретен за колкави средства станува збор.

Не сакам да лицитирам. – рече Макрадули, но спомена дека шведската агенција СИДА треба да издвои 2.5 милиони евра со кои се очекува да се поправат мерните станици кои не функциониираат и да се обноват останатите.

На ова со реакции од опозиционата ВМРО – ДПМНЕ.

Скопје тоне во загаден воздух. Нивото на канцерогени ПМ10 честички е неколкукратно над дозволеното, а власта две години ништо не презема, ниту една мерка или проект не беше спроведен од оваа власт, ниту денар не е одвоен од буџетите во износ од речиси 7 милијарди евра.

Власта се луксузира и купува скапи автомобили, дава 1.6 милиони евра за набавка на лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра на морски плодови и апетисани, а ниту денар за почист воздух. – вели ВМРО – ДПМНЕ во реакцијата.

Опозицијата оценува дека е срамота во услови кога се трошат милиони на непотребни работи и луксузи преку донаторски конференции да се собираат пари за аерозагадувањето.

Даночните обврзници од кои бараат донации веќе преку плаќањето даноци го дале својот придонес во буџетот, од кој треба да се издвојуваат пари за аерозагадувањето, а не тие пари да се трошат расипнички, за потоа однова да се бара пари од бизнис заедницата во вид на донации.

Власта која ја зацрни државата не знае да менаџира со буџетот, парите од истиот ги троши несразмерно и нецелисходно. – додава опозициската партија преку соопштение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести