Баша изјави дека опозицијата нема да прифати избори со „наркомафијата и балканскиот Мадуро“, како што го нарече премиерот Рама.

Објавил: Данаил Михајловски | 24 февруари, 2019 19:50

Мафија, дрога, власт – кој е балканскиот Мадуро!

Фото/Текст извор: ©магазин

Еди Рама е балканскиот Мадуро! Вака лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша го опиша премиерот Еди Рама, кого го поврзува со наркомафијата и криминалот во земјата. Заминувањето на албанскиот премиер Еди Рама од функциијата е „најголемата мисија на секој Албанец, кој го сака своето семејство“, изјави денеска лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, по средбата со претседателите на партиските комитети.

Баша изјави дека опозицијата нема да прифати избори со „наркомафијата и балканскиот Мадуро“, како што го нарече премиерот Рама.

На 28 февруари и на 7 март ќе органиизраме национални протести пред криминалното собрание што ја узурпира зградата на Парламентот на Република Албанија, а на 16 март ќе одржиме уште еден голем национален протест за да го урнеме Еди Рама – балканскиот Мадуро, со кого нема да има избори. Протестите ќе имаат за цел да го максимализираат учеството на граѓаните и синдикатот и граѓанскиот гнев. Сезоната на протести што туку почна. Нема запирање. Никој нема да ја сопре енергијата на народот за заминување на злото и за да и се даде на Албанија иднината што ја заслужува. Таа ќе биде без Еди Рама, без накомафијата и олгарсите, рече Баша.

Љуљзим Баша нагласи дека е сигурно оти по чекорот направен во четвртокот, кога опозициските пратеници се откажаа од своите манадати, нема враќање назад, не само за опозицијата, туку и за Еди Рама, кого го обвини дека има „план да ги украде претстојните избори“. Протестите во Албанија се очекува да стануваат се помасовни.

Планот што го подготви минатите месеци е кредење на идните избори. Заминувањето на Еди Рама денес е најголемата национална мисија што некогаш ја имал секој Албанец, кој го сака своето семејство и неговите деца. Нема да ги оставиме ниту претстојните избори, ниту судбината на Албанците во рацете на наркомафијата, која се подготвува да ги купи идните избори. Такво нешто нема да дозволиме. Опозицијата ќе ги преземе сите мерки, протест по протест, без никакви пречки и спречување на гневот на народот, се додека не го истераме овој разбојник и крадец од фотелјата, што тој ја украде со криминалот и криминалните пари и кој заборави дека власта му припаѓа и ќе му се врати на вистинскиот сопственик, а тоа е народот, посочи Баша.

Албанската опозиција е убедена дека со овој радикален чекор ќе го принуди премиерот Еди Рама да се повлече од власта и да се отвори пат за формирање преодна влада, која ќе спроведе слободни и фер избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.