Несреќата се случила додека ученичката поминувала на пешачки премин во населбата Хром во Скопје и била удрена од автомобил марка југо.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 мај, 2019 19:42

Несреќа во скопската населба Влае: Ученичка прегазена на пешачки премин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Трагедија во скопската населба Влае е случи денеска околу 15 часот, откако ученичка била прегазена на пешачки премин.

Несреќата се случила додека ученичката поминувала на пешачки премин во населбата Хром во Скопје и била удрена од автомобил марка југо.

РСБСП апелира: Обврска на возачите е да се движат со особено внимание секогаш кога се приближуваат кон пешачки премин, да ја намалат брзината и да ги прoпуштат пешаците на пешачкиот премин, но тоа никако не значи дека пешаците имаат апсолутно право на првенство на минување.

Ударот бил толку силен, што девојчето по ударот летало десетина метри. Веднаш била повикана екипа на Брза помош и девојчето е префрлено на скопскиот ургентен центар каде моментално и се пружа лекарска помош. Засега лекарите велат дека повредената е во стабилна состојба. Се уште се прават снимки и се испитуваат повредите, но девојчето за среќа е надвор од животна опасност, а полицијата врши увид на местото на настанот.

Очевидците на настанот објаснуваат дека на улицата Ангел Динев каде всушност се случила несреќата веќе од поодамна има слични сообраќајни незгоди, и има проблеми затоа што семафорите не се координирани. Во близина на местото се наоѓа училиштето Димо Хаџи Димов.

Од РСБСП, известуваат дека пролетта е период од годината кога има најголема раздвиженост во сообраќајот. Бројот на пешаци, велосипедисти, мотоциклисти, па и бројот на моторни возила во сообраќајот, значително се зголемува. Зголемениот интензитет на сообраќај носи и поголеми ризици и закани за учесниците во сообраќајот. Статистиката покажува дека пешаците, особено повозрасните пешаци, и понатаму остануваат една од најранливите и најзагрозените групи учесници во сообраќајот.

Имено, црната статистика за 2017 година покажува дека 34 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои, дури 17 се на возраст над 65 години, а 914 пешаци се сериозно повредени. Во 2018 година, 27 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои 14 се на возраст над 65 години, а 861 пешак е сериозно повреден.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...