По наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено на обдукција, а ќе се испитува и присуство на алкохол во крвта и урината на возачот на автомобилот.

Објавил: admin@magazin | 10 април, 2019 20:13

ТРАГЕДИЈА: Загина 57 годишен пешак, во скопската населба Ново Лисиче !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Педесет и седумгодишен пешак синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случи на булеварот „Видое Смилевски – Бато“, во скопската населба Ново Лисиче.

Како што соопшти Јавното обвинителство, несреќата се случила кога пешакот излегол на булеварот надвор од обележан пешачки премин, а при тоа на него со голема брзина налета возило „Шкода октавиа„ со германски регистарски таблици, управувано од македонска државјанка.

Од силниот удар пешакот починал на самото место на несреќата.

Заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи и претставници на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија синоќа извршија увид на местото на несреќата.

Телото на педесет и седум годишниот пешак е предадено на обдукција, а ќе се испитува дали во крвта и урината на возачот на автомобилот имало присуство на алкохол.

Две тешко и осум лесно повредени лица е билансот од вкупно евидентираните девет сообраќајни несреќи што се случиле во Скопје, во изминатото деноноќие.

Како што информира СВР, со поголема брзина од дозволената се движеле 43 возила, под дејство на алкохол возеле осум, а со истечена дозвола биле 16.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...