Прогресивен данок сепак ќе има. На државата и требаат пари, граѓаните мора да плаќаат за кафе, морски плодови, апетисани, акохолни пијалоци и лубриканти без мирис и вкус

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 14:12

Прогресивен данок ќе има, најголем бенефит за државната каса

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за финансии, Тевдовски, во економска хибернација пред финансиски колапс на државата без ниту една реализирана капитална инвестиција за една година, се реши да воведе прогресивен данок.

Владата воведува прогресивен данок, а како праг на одданочување ќе се зема приходот од 90 илјади денари за што ќе се плаќа дополнителен данок од осум проценти.

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција во Владата образложувајќи ги даночните реформи појасни дека за мнозинството граѓани данокот на доход ќе остане ист, додека околу еден процент од населението кое зема поголеми приходи од 90 илјади денари ќе плаќа данок на доход од дополнителни осум проценти.

Прагот од 90.000 денари го избравме затоа што ги опфаќа најдоходовните еден процент од населението во Македонија. Најдоходовните во Македонија имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на останатите и ова не е праведно. Тие кои добиваат најмногу од општеството, да плаќаат најмалку. – рече Тевдовски.

Тој посочи дека минатата година најдоходовните еден процент луѓе во Македонија заработувале во просек по 4.486 евра месечно што е за 14.4 пати повеќе од просечниот доход на граѓаните во земјата со што Македонија е на прво место во Европа по социјална нееднаквост.

Зборот е збор. Во нашата Изборна програма, а тоа е влезено и во Програмата на Владата ветивме воведување праведен данок кој имаме обврска да го реализираме. Ова го ветивме затоа што веруваме во солидарноста и дека е човечки оние кои имаат повеќе да им помогнат на оние кои имаат помалку. Само преку помагање можеме да изградиме општество во кое сите ќе имаме доволно, односно еднакви права и можности. – истакна Тевдовски.

Македонија, како што појасни Тевдовски, има многу ниски буџетски приходи од 28 проценти од БДП, што е едно од најниските во Европа, а со реформите се очекува да се обезбедат дополнителни 25 милиони евра кои ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...