Еден од основачите на Македонскиот Национален Совет, Роберт Милески со свои видувања како треба во иднина да се делува за да се спречи крајното разнебитување на Македонија.

Објавил: Македонка Димкин | 7 мај, 2019 0:00

Роберт Милески: Единствен понуден излез ќе биде доколку ВМРО-ДПМНЕ прифати да се „дисциплинира“

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Еден од основачите на Македонскиот Национален Совет, Роберт Милески со свои видувања како треба во иднина да се делува за да се спречи крајното разнебитување на Македонија. Читам анализи кои одат во правец дека ако ова биле параламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победеле. Оваа теза има еден суштински проблем! Точно е дека најверјатно ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше најголем број на пратеници, но тоа не значи автоматски формирање Влада. Мандат добиваат оние што можат да покажат дека имаат 61 пратеник мнозинство.

Во сегашната констелација на односи, посебно заради очигледната разочараност на македонскиот народ во ВМРО-ДПМНЕ (недоволна поддршка), странските сили нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ја преземе власта и да го „ремети“ преспанскиот договор на каков било начин, сѐ додека тие не оценат дека е создадено доволно тло за „северната“ вештачка творба креирана од сдс. И да се случи ВМРО-ДПМНЕ да има најмногу пратеници, сите албански партии вклучително и сдс како албанско-северџанска партија ќе се постројат на една страна и пак ќе направат мнозинство.

Македонскиот Национален Совет, едногласно ја поддржа Гордана Силјановска Давкова за Претседател на Република Македонија. Советот не го признава преспанскиот догвор и смета дека е штетен и предавнички

Единствен понуден излез ќе биде доколку ВМРО-ДПМНЕ прифати да се „дисциплинира“, како што ги дисциплинираа кога се менуваше уставот, а тие не дадоа никаков отпор, и во таков случај опозициските албански партии ќе побараат од нив да гарантираат дека нема да го попречат преспанскиот договор, изговор секако ќе бидат евроинтеграциите. Доколку прифатат, ќе дојдат на власт, но под туѓа диригентска палка и гаранција за непрестано имплементирање на капитулантскиот договор, глумејќи дека нешто се прави против него, но суштински ништо. Ако не прифатат, пак ќе останат опозиција.

Доколку се продолжи со провидната игра на „ни риба, ни девојка“, тогаш странскиот фактор во содејство со домашните квислинзи во следниот период ќе работи на конечна пресметка со сѐ што значи македонски отпор и македонизам, а пред сѐ ударот ќе биде кон најголемата национална партија, како и оние во формирање, со удари и кон ситните „џебови“ од општеството што покажуваат пркос и македонизам. Искуството го имаме уште пред 70-тина години, квислинзите се на власт, сцената е поставена, само се чека завесата да се подигне и претставата може да почне.

Единствен излез од оваа ситуација е јасното поставување во корелација со интересите на македонскиот народ покажан и преку бојкотот на референдумот и делумно големиот бојкот на двата круга претседателски избори, а против северџанската творба и нејзините носители. Само тогаш постои можност да се создаде доволно широк блок кој би овозможил пратеници блиску на бројката од 61, што би ги онемозвожило погорните сценарија.

Народот дава шанса да се исправи грешката од неделувањето кога се менуваше името, но тоа има своја цена и начин како да се исправи грешката. Само јасната македонска кауза може да нѐ спаси против оваа напаст, друго чаре нема! Ако не се построите, ќе ве постројат, и на крајот ќе ви се случи токму она што сте сакале да го спречите.

„Северџаните„ се убедени дека ги чека светла иднина, но за брзо ќе се разочараат од реалноста. Фактурата која ќе им стигне за поддршката што ја добија ќе биде уште еден удар во срцето на македонската држава, но тие со тоа немаат проблем, оти тие се оперирани од национална припадност, спремни да продадат сѐ македонско.

Ако опозицијата сериозно не ги засука ракавите и не почне да работи на обединување на македонскиот народ и сите општествени сили, се плашам дека нема да го дочекаат спремни конечниот удар кој се планира кон нас Македонците и Македонија, а тој, верувајте, ќе биде конечен и последен со што крајно ќе се реши македонското прашање. И решението нема да биде во наша корист.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...