Топло време во земјава!

Објавил: Владо Марин | 10 април, 2020 9:12

Следуваат уште потопли денови: Летни температури во земјава- УЖИВАЈТЕ!

Фото/Текст извор: ©Магазин

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме сончево и уште потопло време од претходните денови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој особено долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Во следните денови и тоа во попладневните часови локално ќе има повеќе облаци. Особено во недела ќе има услови за локален краткотраен дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер.
Во сабота од северен, во недела од југоисточен правец.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, потоа во следните денови ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...