Тевдовски помнезно најави дека државата ни е толку економски моќна што е пред тотален колапс и банкрот, поради што секој трет жител на Македонија живее во сиромаштија

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 8:36

Тевдовски сиромаштијата ќе ја правда со ребаланс на Буџетот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

За денеска е закажана седница на матичната Комисија за финансирање и буџет, каде согласно деловникот на Собранието расправата треба да трае 10 работни денови.

Владата го усвои предлог ребалансот на седница на 13-ти овој месец.

Според предлогот на Владата, со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0.5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2.7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2.8 отсто.

Целта на Предлог ребалансот на Буџетот за годинава е да се направат корекции на расходната страна со цел обезбедување финансиска поддршка за општините и зајакнување на фондовите за здравствено осигурување (ФЗОМ), Пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и Агенцијата за вработување (АВРМ). – рече министерот Тевдовски образложувајќи го предложениот ребаланс по усвојување во Владата.

Според него, проекцијата на растот на БДП е ревидирана поради блокадата за влез во НАТО и ЕУ и дека неизвесноста негативно може да влијае на економијата.

Ревидирањето на планираните проекции на приходите е пред се резултат на намалувањето на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки и благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од 812 милиони денари заради реализацијата во првите девет месеци од годинава.

Расходната страна на Буџетот е корегирана надолу за 1.2 милијарди денари, односно за 0.5 отсто.

Има намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, главно кај проекти финансирани со кредити.

Капиталните расходи се намалуваат за 5.666 милијарди денари, од кои 1.672 милијарди денари на буџетската сметка и 3.994 милијарди денари на кредитната сметка. .

Најголемо кратење има кај проектите каде има забавена динамика, односно за гасификација и за откажаната изградба на клиничкиот центар.

Со ребалансот се врши реалокација на средства помеѓу буџетските корисници при што се обезбедуваат дополнителни 198 милиони денари за политички партии и истражувачки центри согласно промената на закон, како и средства за функционирање на ОТА до крајот на годината.

За Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и за Агенцијата за вработување; се обезбедени дополнителчни 1.8 милијарди денари. Средствата ќе се користат освен за пнепречено реализирање на обврските на овие институции и за етапно намалување на долговите на здравствениот систем.

Најголема алокација во ребалансот има за општините во висина од 3.020 милијарди денари со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски на општините и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...