Од ветеното бесплатно здравство за сите, најголем ќар очигледно ќе види компанијата која ќе стопанисува со човечките животи, преку тендер за раководење со итната медицинска помош

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 6:48

Филипче ќе ја “приватизира” Брза помош, лекарите во шок

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Приватниот сектор да ја финансира и да стопанисува со Итната медицинска помош и Домашната посета, е ставот на министерот за здравство кој наиде на осуда кај јавноста но и експертската фела.

Преку јавно приватно партнерство Министерството за здравство се обидува да ја поправи лошата состојбата во која се наоѓаат овие две служби.

Огласот во Бирото за јавни набавки за изработка на физибилити студија е објавен пред неколку дена, а прибирањето на понуди е до 14 ноември.

Во Министерството за здравство ваквиот потег го објаснуваат со фактот дека јавното здравство во последните години покажало слаби резултати во менаџирањето во делот на Итната медицинска помош.

Во моментот бараме начини како да ја подобриме ситуацијата. Конкретно моделот на јавно приватно партнерство за брза помош функционира во Италија. Од тие причини решивме да направиме физибилити студија за да ги испитаме можностите ја ЈПП во брзата помош во Македонија. Физибилити студијата ќе покаже дали ќе биде тој модел можен и кај нас. – велат од кабинетот на министерот Филипче.

Моделот на јавно приватно партнерство функционира со поголем интензитет во последните 20 години во развиените, но и во земјите во развој и е одраз на политиката на јавната власт, односно на реформите што власта има намера да ги спроведе за да обезбеди подобри јавни услуги.

Јавното приватно партнерство е долготраен процес кој може да трае дури и до 30 години за да може приватникот да си ги врати вложените средства и да оствари профит.

Според експертите, профитот е единствениот мотив на приватниот партнер за влез во јавно приватно партнерство.

Финансирањето на проектот е делумно од приватниот сектор и погрешно е мислењето дека концесионерот вложува сопствен капитал бидејќи неговото учество во најголем број случаи се движи меѓу 10 и 20 отсто. – вели Лилјана Јоноски, магистер по деловно право чија магистратура е токму на тема, а има доста пишувано за оваа проблематик.

Јоноскивели дека во јавното здравство ваков вид на партнерство може да биде меч со две острици бидејќи станува збор за круцијален сегмент од здравството, а ризикот е голем особено ако станува збор за ново формирани фирми за таа цел, за што сме сведоци во последно време.

Влогот е преголем бидејќи јавното приватно партнерство не е секогаш избор за сите сегменти, а колку да се оди со ваков пристап во Брзата помош е меч со две острици. Секако многу ќе зависи и од тоа кој ќе биде партнерот, односно фирмата, колку е сериозна и дали постои ризик од потфрлање во ваква деликатна област- изјави Јоноски.

Таа потенцира дека иако постојат многу позитивни примери на реализација на крупни инфраструктурни проекти преку моделот на ЈПП, неговото користење не може да се смета како солуција за се и за сите проекти.

Постојат и многу пропаднати проекти што се реализирале како ЈПП. Затоа, од суштинско значење е јавниот сектор јасно да ги идентификува факторите што го чинат проектот оправдан за финансирање од приватниот сектор. – вели Јонoски.

Лекарите се збунети и не знаат што ќе донесе новиот модел на стопанисување со брзата помош, но секако се за тоа да има јавна дебата на оваа тема. Како тоа ќе се одрази на пациентите, како ќе биде уредено, дали ќе плаќаат дополнителни услуги во брзата помош, ќе треба да одговори Министерството за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...