Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека коронавирусот го достигнал својот врв, според информациите што ги има.
Тој откри дека бројот на починати во САД го достигнал својот врв и сега е време да се крене економијата во државата.
Трамп напиша на Твитер дека имал разговори со сите водачи на економскиот сектор.
– Имав многу продуктивни средби со сите лидери на економскиот сектор, сите ние сме вклучени да ја вратиме епидемијата во деловна активност, напиша тој.
Во САД во последната недела уште 5,24 милиони луѓе останале без работа, вкупно 22 милиони од почетокот на кризата со коронавирусот.
Стапката на невработеност во САД помина 15 отсто, иако според некои пресметки е поголема и од 17 отсто.
Пред почетокот на кризата изнесуваше 3,5 отсто, а за време на Трамповата администрација за првпат по 50 години падна под 4 отсто.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.