Шкотскиот актер Шон Конери почина на 90 години, соопшти неговото семејство.
Роден во работничко семејство во Единбург, Конери стана Џејмс Бонд во 1962 година, по неколку помали улоги во британски филмови. Пред тоа бил во кралската морнарица, работел како млекар и бил посветен бодибилдер и солиден фудбалер.
За филмот „Недопирливите“ во 1988 година освои „оскар“ за најдобра споредна улога и истовремено се здоби со слава благодарение на серијалот „Индијана Џонс“. Тој одби да се појави во четвртиот дел на „Индијана Џонс“, велејќи дека ужива во пензијата.
Последниот филм го сними во 2003 година, а од јавниот живот целосно се повлече во 2011 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.