Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 95 милиони, а од последици од заразата досега починаа над два милиона луѓе!
Велика Британија се подготвува да ја добие и четвртата вакцина, бидејќи француската фармацевтска компанија Валнева за неколку дена ќе започне да произведува 60 милиони дози.
Индија, втора најнаселена земја во светот со население од 1,3 милијарди жители, вчера вакцинира повеќе од 190 000 луѓе на првиот ден од масовната вакцинација.
„Првиот ден добивме охрабрувачки и задоволувачки пораки“, рече индискиот министер за здравство Харш Вардан пред своите колеги од индиските држави, додавајќи дека вакцината ќе има „спасувачки“ ефект.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја пречека испораката на милион дози на вакцината „Синофарм“ од Кина.
Авионот беше пречекан и од амбасадорот на Кина во Србија, Чен Бо и министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар.
Во Србија во тек е имунизација со вакцината на Бионтек/Фајзер и со руската вакцина „Спутник 5“.
Додека пак министерот Филипче излави дека целосно е спремен здравствениот систем за складирање и дистрибуција на вакцини, како и идентификувањето на критичните групи според приоритет.
Направивме план за вакцинација во три групи. Засега нема потреба лицата коишто го прележале да бидат вакцинирани. Во февруари преку Фајзер ќе ни пристигнат 5850 дози од вакцината, а по 17.550 дози во март и април, рече тој!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.