Руската компанија „Гаспром“ донесе одлука гасоводот „Турски тек“ да ја продолжи трасата низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка.

Објавил: Едмонд Бекири | 23 ноември, 2018 0:24

Шамар за Заев? „Турски Тек„ само низ Бугарија и Србија, Македонија извиси!

Фото/Текст извор: ©спутник / магазин

Во јавноста веќе подолго време кружеше веста, дека целта на кризата во Македонија покрај промена на името е и спречување на „ТУРСКИ ТЕК„ да поминува низ Македонија, со што Македонија би ја зацврстила својата геостратешка положба а и со самото поминување на гасоводната линија би била и автоматски посигурна земја надвор од некаква си воена криза. 

Што значеше пак тоа? Тоа ќе значеше дека Македонија немаше да биде мета на уцени од соседна Грција а и ќе имаше економски прилив на финансиски капитал. Но бидејќи на некому тоа не му одговараше, а Македонија по секоја цена мораше да остане земја, на несигурно, без просперитет, за таа цел беше донесен Зоран Заев на власт, кој  без малку потроши две години од својот мандат, а освен што ја продлабочи кризата и ја задолжи Македонија за нај малце една Милијарда евра , не направи ништо друго. 
Било како било, денес пристигна веста, нема гас за Македонија, среќата им припадна на другите кои си ја „љубат„ својата земја

Руската компанија „Гаспром“ донесе одлука гасоводот „Турски тек“ да ја продолжи трасата низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка.

Исто така, почнаа сите подготвителни процедури во тие земји, објави рускиот весник „Комерсант“.

Првата испорака на гас во Бугарија и во Србија ќе почне во 2020 година, до Унгарија рускиот гас ќе стигне една година подоцна, што ќе ѝ овозможи на руската компанија до 2022 година во целост да ја запре испораката на гас преку Украина.

„Комерсант“ укажува дека ова е ткн. „Јужен тек“ кој Европската Унија го запре уште во 2014 година под притисок на САД. Како што оценува весникот, овој пат ќе биде драстично покомпликувано да се влијае на тоа проектот да се запре затоа што „Гаспром“ во целост ги почитува законите на ЕУ.

Иако во план е и Грција да се приклучи на овој гасовод, како што оценува „Комерсант“, сè уште не е јасно како ќе се реализира тоа.

Се претпоставува дека Грција ќе се спои на тој крак преку Бугарија или пак ќе го замени азербејџанскиот гас со руски откако ќе заврши изградбата на гасоводот ТАП, што, исто така, е планирано за 2020 година, пренесува „Спутник“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...