Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, објави грчкиот весник „Катимерини“ а веста ја пренесоа медиумите во државава. Дали информаторот на државниот секретар на САД за Европа Филип Рикер ќе биде фаворит за претседателски кандидат на СДСМ ?
Според диполоматсики извори Филип Рикер е амбасадорот на САД во Македонија кој го започнува силниот притисок врз македонските власти за решавање на спорот за името после грчкото вето во Букурешт како услов за влез на Македонија во НАТО. Доказ за тоа е и едно интервју на тогашниот премиер Груевски во кое сведочи за бесот на американскиот амбасадор Филип Рикер, кога есента 2008 година во Чикаго бил запознат од премиерот и министерот Милошоски дека нашата земја ќе поведе тужба против Грција за ветото во Букурешт.
Последното споменување на името на Филип Рикер во македонската јавност беше во т.н афера од јавноста “Никиликс” каде вебсајтот на Викиликс објавеи тајни протечени документи на кои пишува дека сегашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во 2008-та додека беше преговарач за името истовремено бил и заштитен извор на американските служби кои ги информирал за ставовите на тогашните премиер Никола Груевски и претседател Бранко Црвенковски.
Сегашниот министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров се води како „заштитен“ извор на американската амбасада два пати во 2008 година откако обезбедил информации за грчко-македонскиот спор за името и НАТО и ЕУ интеграциите“, пишува Викиликс.
Информацијата за несогласувањта во државниот врв на Македонија, помеѓу претседателот и премиерот се чувала во најголема тајност, но како што стои во извештајот на Рикер, Никола Димитров кој имал пристап до ваков вид на информации го информирал американскиот амбасадор за несогласувањата. Рикер пак, тоа го ставил во извештај испратен до Стејт Департментот, со замолница да биде заштитен идентитетот на информаторот – Никола Димитро
Одредени експерти по право во јавноста тогаш побараа од ЈО обвинителство да поведе истрага за кривичното дело шпионажа бидејќи Никола Димитров оддавал класифицирани информации со степен на државна тајна на неовластени лица а со тоа ја нарушувал и преговарачката позиција на Македонија.
На оваа афера поврзана со него тој преку фејсбук статус се обрати во јавноста дека “комуницирал со САД, нашите стратешки партнери, во функција на остварување на државните интереси на Македонија. Истите партнери што во 2004 година, кога бев амбасадор во Вашингтон, го признаа уставното име на Република Македонија. Фактот што после цели осум години се злоупотребуваат истите информации, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа”.
Со оглед на објавените документи дека Никола Димитров бил заштитен извор и информатор на американската амбасада во Скопје на чие чело бил Филип Рикер, прашањето е дали сегашниот помошник државен секретар за Европа на САД ќе посака да има заштитен извор како претседател на држава ?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.