Новото име го брише старото

Објавил: admin@magazin | 3 април, 2019 10:44

Парите се на ред, нови 10 денарки со „ново“ име

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По промената на името на државата почнаа промените на називите на институциите, патиштата, државните фирми, се разговара за промени во учебниците, а на ред дојдоа и парите. Потоа ќе следува и промена на лични докумети.

Критериум за доделување на договорот е најниската цена, а понудите ќе се отвараат на 15 мај.

Народна банка на Република Македонија која ќе го промени називот во Народна банка на Република „Северна“ Македонија веќе распиша тендер за набавка на книжни пари изработени од полимер, со апоенска вредност од 10 денари, со новото име на државата.

Во тендерската документција се вели дека дизајнот вклучува и промена на името , како и дека НБРМ се менува во НБРСМ секаде каде што се споменува на парите.

Согласно Преспанскиот договор, изминатата година беа отстранети и патоказните табли долж „Коридорот 10“. Автопатот „Александар Велики“ исто така беше преименуван во „Пријателство“. Исто така беше променето и името на аеродромот „Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“.

Минатата година беше формирана комисија, која веќе работи на ревидирање на учебниците, при што менување ќе има и во Македонија и во Грција.

Со промената, учениците, најверојатно новото име „Северна“ Македонија ќе го учат од следната училишна година која почнува во септември/октомври 2019 година.

Согласно Преспанскиот договор, Владата го усвои законот со кој се предвидува да се сменат имињата на 136 јавни и државни институции. Неколку од нив ќе го добија префиксот „северна“, а некои “национална“.

Владата е во преговори со неколку институции за промена на името, како што се МАНУ и АРМ, чии имиња се уште не се сменети.

Владата во понеделникот ја постави плочата со новото име Република „Северна“ Македонија пред влезот на зградата. Називот „Влада на Република Северна Македонија“ е преведено на три јазици, на македонски, албански и англиски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...