Пријовиќ го понесе и нејзиното синче, малиот Александар а таму ќе останат некој период.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јануари, 2020 18:06

Снаата и свекрвата ги спакуваа куферите и заминаа на одмор: Еве како Брена и Пријовиќ уживаат на Малдивите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Снаата и свекрвата си ги спакуваа коферите и правец на одмор. Познатите пејачки Лепа Брена и Александра Пријовиќ, сега Живоиновиќ заедно со семејството замина на егзотично патување на Малдивите. Пејачките со своите посилни половини заминаа на заслужен одмор.

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се венчаа минатата година во јуни. Тие го имаат синот Александар. 

Пријовиќ го понесе и нејзиното синче, малиот Александар а таму ќе останат некој период.

Патувањето започна со Дубаи, каде семејството Живоиновиќ уживаше некој период, па од таму заминаа на Малдиви а секако со себе го понесоа и добриот префинет вкус, па решија одморот да го поминат во луксуз.

На свекрвата Брена, како и на снаата Александра најмногу и оставила впечаток а собата од која директно се влегува во вода. Тие луксузт го пренесоа на социјалните мрежи а секој би подзавидел на одморот од соништата.

Инаку семејството Живоиновиќ е познато по тоа што секоја година традиционално во јануари одат на заеднички зимски одмор, и одбираат егзотична дестинација.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.