Ова овошје го јакне имунитетот, го регулира крвниот притисок и варењето, помага во лечење на респираторни проблеми, главоболки и стрес.
Освен што е вкусно и здраво, тоа претставува богата ризница на витамини Ц, А, Е, К и Б комплекс, како и минералите – калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо.
Кивито одлично се вклопува со други плодови во овошна салата или смудиња, а можете да го додадете и во сосови или во утринската порција житарици за дополнителни хранливи материи.
Јадењето две до три киви дневно може да ве заштити од низа очни болести, вклучувајќи катаракта и загуба на видот од макуларна дегенерација.
Исто така, минералниот состав нуди здравствени придобивки за вашиот нервен систем и циркулаторни функции.
Овошјето киви содржи лутеин и зеаксантин каротеоноиди, кои, колку чудно и да звучи се составен дел на мрежницата на окото. Вашето тело ги користи овие фитохемикалии за да создаде витамин А, а само една чаша киви содржи 220 микрограми лутеин и зеаксантин, кои ја обновуваат мрежницата и делуваат превентивно на појава на макуларна дегенерација.
Кивите ги намалуваат и триглицеридите во крвта, а благотворно делуваат и за зацелување на раните, одржување на здравјето на коските и забите, а позитивно делуваат и на системот на варење.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.