Јапонските научници на ова истражување работеле година дена, па откриле дека луѓето кои консумирале чаша сок од домати еднаш дневно, имаат понизок притисок.

Објавил: Владо Марин | 17 октомври, 2020 20:16

Сокот од домати го намалува крвниот притисок

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Едно истражување наведува дека консумирањето една чаша незасолен сок од домати би можело да ви помогне во снижување на крвниот притисок, а воедно да го намали ризикот од развивање срцеви болести.

Јапонските научници на ова истражување работеле година дена, па откриле дека луѓето кои консумирале чаша сок од домати еднаш дневно, имаат понизок притисок.

Истата група го стабилизирала и нивото на холестерол, што е одлична вест за оние кои страдаат од срцеви болести.

Истражувањето пак кое го спровела американската организација CDC открива дека на годишни ниво само во Америка умираат 610.000 луѓе од срцеви болести.

Секоја година околу 730.000 американци доживуваат срцев удар, од кои 525.000 прв срцев удар, додека пак, 210.000 срцевиот удар го добиваат по втор пат во нивниот живот.

Во истражувањето за сокот од домати учествувале 481 личност, од кои 184 мажи и 297 жени. Дозволено им било во текот на една година да пијат колку сакаат сок од домати дневно, па секојденвно да бележат колку чаши испиле.

Важно е да се нагласи дека доматите имаат и други бенефити за здравјето. Богати се со антиоксиданси, помагаат со кардиоваскуларните болести и ги подобруваат шансите за зачнување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.