Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски, најави ,,чистка‘‘ во администрацијата

Објавил: Перо Милчин | 6 ноември, 2018 16:51

Колку административци ќе завршат на улица

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Следната година 2019 во втората половина ќе има поголеми измени во администрацијата со нејзина реорганизација и оптимизација, процес кој ќе трае следните две години.

За претстојните активности ќе следи серија законски измени, а меѓу останатото ревизија на Законот за организација на органите на државна управа, најави денеска министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски.

,,Очекуваните придобивки се да се воспостави рамка за институционална организација, ќе се реши проблемот со преклопување на надлежностите на институциите, како и проблемот со институции со еден човек. Ќе имаме јасни критериуми за тоа кои институции од кого можат да бидат основани и која институција пред кого одговара. Да престане админстративниот пинг понг со граѓаните и фирмите‘‘, рече Манчевски на прес-конференција.

Министерот не објасни во кои области на приватниот сектор мисли да ги вклопи, зошто се оди со ,,чистка‘‘ иако знаеме дека секоја година планираниот развој на владата потфрлува, со што се забавува развојот, односно капиталните инвестиции не се реализираат. Дали тоа значи дека Владата ќе донесе ,,нови инвестиции‘‘ како и до сега?

За претстојниот процес, според Манчевски, ќе бидат потребни и серија на законски измени. ,,За некои можеби ќе биде и болен процес, но тоа е нешто што мора да се направи за да се стави ред на хаосот.  Тоа ќе значи укинување можеби на институции, намалување на бројот на менаџери, управни одбори и раководни лица. Во прв план да се обидеме на луѓето да им најдеме место во системот доколку анализата норнмално укаже дека одреден  број на луѓе се прекубројни како што веќе најавуваме долго време ќе подготвиме една понуда до приватниот сектор и под одредени услови ќе се обидеме да ги префрлиме луѓето таму‘‘,рече Манчевски.

Министерот не објасни и за политичките притисоци кои се вршат врз вработените во администрацијата, а кои кулминираа за време на Референдумот.

,,Од 1 август лани досега има одлив на 6.479  лица од администрацијата по различни  основи, како пензионирање, спогодбено, а од нив 901 сами си дале отказ. Бројот на вработени во јавниот сектор, како што рече Манчевски, се намалува и изнесува околу 125.000.

Според министерот, со претстојните активности институциите ќе се групираат по области на дејствување. Министерствата ќе бидат креатори на политики, агенциите ќе се задолжени за спроведување на политиките, а функцијата на надзор ќе биде во надлежност на инспекторатите. За тоа ќе биде потребна и ревизија на Законот за организација на органите на државна управа. Опциите за институциите се да го задржат статусот и функцијата, да бидат присоединети со друга институција, а може да дојде до спојување на повеќе институции во една, да дојде до укинување на институцијата и пренос на нејзината надлежност на друга институција, но и да се формира нова институција – во исклучителни случаи каде што функцијата се извршува дисперзирано од страна на повеќе институции или е сосема нова функција.

Дали владата конечно ќе ја преземе улогата која и припаѓа или ќе продолжи со ,,козметички зафати‘‘, односно пополнување на истата со партиски кадри и блиски членови на нивните семејства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...