На ПИОМ за првите шест месеци од годината му недостигаат четврт милијарда евра

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 7:18

Пензиите во опасност ПИОМ во минус од над 250 милиони евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

250 милиони евра од буџетот се префрлени во ПИОМ за половина година но и покрај тоа дупката кај државниот пензиски фонд се зголемила за нови 7. 6 милиони евра.

Овие податоци на Министерството за финансии покажуваат дека проблемот со дефицитот на ПИОМ продолжува и оваа година иако Владата се обврза дека ќе го стабилизира пензискиот систем.

Според пресметките на Министерството – државниот Фонд од придонеси собрал нешто помалку од 300 милиони евра а за исплата на пензии биле потрошени 435 милиони евра.

Реформата на пензискиот систем што првично беше најавена во март годинава – заглави кај институциите. Од Министерството за труд тврдат дека се прават анализи.

“Она што можеме да го кажеме е дека се работи на пакет мерки за стабилизирање на Фондот – но без да има покачување на старосната граница. Нема повеќе доцнења во трансферот на средствата од државниот пензиски фонд кон приватните – како претходните години а обезбедени се средства за усогласување на пензиите согласно трошоците за живот за годинава.”

Светска банка со години ја предупредува Македонија да обезбеди одржливост на пензискиот систем. Од таму сега велат дека многу скоро ќе излезат со предлог до Владата како да го стабилизира ПИОМ а од македонските власти ќе зависи дали ќе ги прифатат сугестиите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...