Од утре во Република Македонија се воведува полициски час, соопшти премиерот Оливер Спасовски.
Владата донесе одлука за воведување полициски час од утре вечер како нај рестриктивна мерка за спречување на ширењето на корона вирусот. Ова на својот ФБ профил го објави техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Вечерва на седница на Владата на Република Македонија, донесовме одлука за воведување најрадикални мерки, со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од корона вирусот, напиша премиерот Спасовски.
Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, порача Спасовски.
На вечерашната прес конференција Спасовски рече врз основа на стручно мислење на комисија за заразни болести, со цел спречување на натамошно ширење на вирусот се забранува движење од 21 до 06 часот.
Лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, кои одат на дијализа, може да излегуваат од дома, најмногу во придружба на две лица, рече Спасовски.
Тој додаде дека директорите на јавните здравствени установи ќе изготват список на лица кои ќе бидат однесени на МВР, за тоа кога овие лица ќе се движат. Полицискиот час не важи за припадниците на МВР, АРМ, противпожарна служба, комунална хигиена. Ќе се ограничи и бројот на дежурни аптеки.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.