Претседателот на Владата Зоран Заев, на прашање за тоа дали се согласува со барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се свика лидерска средба околу прашањето со Бугарија, посочи дека не гледа потреба од таква средба, посочи Заев за ТВ21!
„Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање“!
Тој вели дека македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет.
„Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите.
За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа. Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ“, додава Заев за ТВ21.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.