Пратеникот Александар Кирацовски на социјалните мрежи напиша дека хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 јули, 2019 8:03

КИРАЦОВСКИ НАЈАВИ ТУЖБА ДО АЗМАНОВ: “Не сум уредник на порталот Доказ”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, на социјалните мрежи најави тужба до градежниот инвеститор Зоран Азманов. Бизнисменот во јавно во интервју обвини дека наводно бил рекетиран од поранешниот генерален секретар на владеачката партија.

Пратеникот Александар Кирацовски на социјалните мрежи напиша дека хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината, мора да се стави крај.

„Трендот на лажни вести мора да запре.
На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини. Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!“, напиша Кирацовски доцна синоќа на својот профил на Фејсбук.

Тој најави тужба до бизнисменот Зоран Азманов кој во интервју за Инфомакс, посочи разговор според кој Кирацовски е многу голем фактор што одлучувал за објавување на негови лични  фотографии на портали.

Исто така Кирацовски реагирал до порталот да избришат објавени прилози, кои според сопственикот на „Настел“ биле невистини, но уредникот му пренесол дека не може ништо да избрише додека не му каже Кирацовски, тврди Азманов во интервјуто.

Еднаш реагирав до порталот Доказ да симне објавени невистини, но уредникот ми рече не можам ништо да избришам додека не ми каже Кирацовски! Замислете! – вели Азманов во интервјуто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.