Македонија е единствената држава во Европа која има министерство за помалите етнички заедници, вели премиерот Ковачевски.
Последното барање на бугарскиот премиер за отстранување на ветото – Македонија да направи посебна институција наменета за правата на Бугарите доби соодветен одговор, а Ковачевски порача дека институциите за заштита на помалите етнички заедници можат дури и да го зголемат капацитетот.
Ние сме единствената држава во Европа која има министерство за помалите етнички заедници, ние сме единствени во Европа каде имаме законски решениија со кои што се унапредуваат правата на помалите заедници во секоја смисол- од корисење на јазици до еднаков пристап на вработувања во јавниот сектор, преку институции. – изјави Димитар Ковачевски премиер на РСМ.
Министерот Османи веќе оствари средба во Берлин со шефицата на бугарската дипломатија Генчовска. Тој за ТВ 24 кратко одговори дека обидите за дијалог со Софија продолжуваат и кажа дека денеска во Брисел на Советот за надворешни работи на ЕУ, им порачал на министрите дека со војната во Украина стартот на преговорите на Македонија со ЕУ е неопходен.
– Ја претставив нашата позиција по однос на војната во Украина, но и ја повикав Европската Унија да го препознае моментот, да ја препознае зрелоста на Северна Македонија во стратешкото позиционирање и исполнување на критериумите и без одлагање да ги започне преговорите, а со тоа да го зачува кредибилитетот на европскиот процес во регионот. – изјави Бујар Османи МНР.
И еврокомесарот за проширување Вархеји денеска пред состанокот на шефовите на дипломаатиите, на твитер порача дека проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е едниствената гаранција за мир и побара ЕУ итно да донесе одлуки. Вархји се очекува во четвток повторно да ја посети Софија.
А бугарскиот претседател Радев денеска е во офцијална посета на Берлин и оттаму порача дека позицијата кон Скопје не ја менува, а односите со бугарската влада ќе му зависат од спорот со Македонија.
Имаме некои разлики и ќе продолжам да ја следам оваа позиција и од тоа ќе зависат моите односи со Владата. – изјави Румен Радев претседател на Р. Бугарија.
Во последниот период пораките од Софија се дека бугарската влада е на стаклени нозе поради Македонија, а Петков вчера ја откажа и посетата на Скопје на 22 мај.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.