Италијанскиот фудбалер, Марио Балотели ќе го предводи нападот на Ница и оваа сезона, објави францускиот клуб.
Балотели практично цело лето преговараше со нивниот ривал Марсеј, но на крајот сепак одлучи да остани во Ница и да потпише нов договор.
Одлуката е донесена, Марио останува во Ница. Изрази желба и понатаму да го носи нашиот дрес, соопштија од клубот.
Балотели на францускиот тим има постигнато 43 голови, а претходно играше за Милан, Ливерпул, Манчестер Сити, Интер и други.
За репрезентацијата на Италија има 14 погодоци на 35 одиграни натпревари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.