За тестот за присуство на Ковид-19 во организмот на лидерот на „Форца Италија“, 83-годишниот Берлускони,  бил позитивен, соопшти француската агенција АФП.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 септември, 2020 10:10

Берлускони примен во болница поради компликации од Ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

83 годишниот Силвио Берлускони, поранешниот премиер на Италија поради компликациите од коронавирусот, е примен во болница во Милано.

Британските медиуми објавија дека за сега состојбата на Берлускони не е загрижувачка. Лекарот кој се грижи за него, Албето Зангрлио пред два дена посочи дека тој е асимптоматски пациент и дека ќе остане во својот дом но сепак ситуацијата на Берлускони се влошила по што морал да биде префрлен во болница.

Берлускони во периодот кога Италија беше најпогодената земја во Европа од Ковид 19, беше во својата куќа во Франција- Ница, а потоа неколку дена помина во Сардинија.

(Берлускони е роден 29 септември 1936). Тој  е италијански стопанственик и политичар.

За тестот за присуство на Ковид-19 во организмот на лидерот на „Форца Италија“, 83-годишниот Берлускони,  соопшти француската агенција АФП.

Силвио Берлускони е лидер на политичкото движење Форца Италија (Forza Italia). Партија е основана во јануари 1994, и првпат се кандидирала за општи избори во март истата година.

Берлускони бил премиер седум месеци во 1994 година. Во 2001 повторно е поставен на истата функција; втората влада на Берлускони е најдолготрајната во историјата на италијанската република. На 20 април 2005, Берлускони понуди оставка на својата влада по поразот на регионалните избори и внатрешните проблеми во коалицијата. На 23 април 2005 формираше нова влада без поголеми промени во составот

На парламентарните избори во април 2006, коалицијата на Берлускони изгуби од левата коалиција на Романо Проди. Победата беше многу тесна (помалку од 1%), па Берлускони долго време ги оспоруваше резултатите, за конечно, на почетокот на мај, да поднесе оставка.

Тој е сопственик и основач на повеќе медиумски компании кои се познати и како „италијанско медиско царство“. Според магазинот Форбс, Силвио Берлускони е најбогатиот човек во Италија, со имот вреден 12,000,000,000 долари во 2005, а истовремено и 25-ти најбогат човек на светот.

Беше претседател и на фудбалскиот клуб Милан во периодот од 1986 до 2004; по неговата оставка – која беше изнудена со закон – на 26 декември 2004 тимот е одбра нов претседател па денес тој е само сопственик на тимот.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.