Паричните средства за Тамара Тодевска ќе бидат наменети за градење на интернационална кариера.

Објавил: admin@magazin | 20 мај, 2019 6:56

Боки 13 и 1ТВ донираа 10.000 евра на Тамара за почеток на интернационална кариера!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Бојан Јовановски и менаџментот на БМЈ Медиа Гроуп и 1ТВ донираа 10.000 евра на Тамара Тодевска за почеток на интернационална кариера.

Менаџментот на БМЈ Медиа Гроуп и 1ТВ и Бојан Јовановски донесоа одлука за донација од 10. 000 евра која ќе и биде доделена на нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска и истата стапува со сила веднаш.

Паричните средства за Тамара Тодевска ќе бидат наменети за градење на интернационална кариера. Со таков успех сите ние ќе бидеме горди и нашата земја ќе има достоинствен музички амбасадор насекаде низ светот. Вистинските и квалитетни уметници заслужуваат поддршка, па затоа со оваа Одлука за донација ги повикуваме сите други општествено одговорни компании да ги подржат уметниците и да помогнат за развој и прогрес на нивните дела со кој ќе се гордееме заедно, стои во нивното соопштение.

Нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат оваа година од речиси сите земји доби поени на изборот за песна на Евровизија.

Песната „Proud“ („Горда“) во изведба на Тамара освои 237 поени од стручното жири, но само 58 од телевоутингот, што беше многу малку за да имаме можност да се израдуваме со првото место на Евровизија.
Во завршниот дел Тамара заврши на осмото место. Победник на годинашниот Евросонг што се одржа во Тел Авив, е Данкан Лоренс од Холандија со песната Arcade.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.