Кралицата Елизабета Втора, го пречека Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга, на големиот тревник на Бакингемската палата.

Објавил: Перо Милчин | 3 јуни, 2019 18:53

БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА ГО ПРЕЧЕКА ТРАМП ПРЕД ПАЛАТАТА- Меланија со нов моден погодок!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп се состанаа денес со кралицата Елизабета Втора, на првиот ден од тридневната посета на Велика Британија.

Кралицата Елизабета Втора, го пречека Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга, на големиот тревник на Бакингемската палата.

Веднаш кога пристигнаа тие извршија смотра на почесната гарда составена од гренадири со традиционални капи од мечкина кожа, пренесе АП. Од зелениот парк и од Лондонската тврдина беа испалени плотуни од кралската артилерија, што е една од најголемите почести што Британија може да им ги укаже на странските лидери.

Претседателот Трамп и неговата сопруга слетаа во дворот со хеликоптер, а принцот Чарлс и неговата сопруга Камила ги поздравија на излезот.

Претседателот утре ќе се сретне со премиерката Тереза Меј.

Трамп победил на претседателските избори на 8 ноември 2016, освојувајќи мнозинство во американскиот изборен колегиум, и покрај тоа што добил помалку гласови на народното гласање на национално ниво од кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон.

На полни 70 години, Трамп ќе стане најстариот и најбогатиот човек што станал претседател на САД, надминувајќи Роналд Реган и Џорџ Вашингтон.

Тој исто така е единствениот човек во историјата на САД кој ќе биде избран за претседател, а кој притоа не вршел никаква претходна воена или друга јавна дејност.

Трамп бил роден и израснал во подрачјето Квинс во Њу Јорк каде што станал дипломиран економист на факултетот Вартон при универзитетот Пенсилванија во 1968.

Во 1971 тој ја презел семејната фирма за недвижности и градежништво „Elizabeth Trump & Son“, која што подоцна се преименила во „Организација Трамп  каде што моментално е извршен директор и претседател. За време на неговата деловна кариера, фирмите на Трамп изградиле, реновирале и управувале со голем број на деловни згради и простории, хотели, казина и терени за голф.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.