Едни со родителите под рака други пак со идните цимери, почна сезоната за бруцошите

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 август, 2018 23:17

Бруцошите навалија на факултетите во државава

Фото/Текст извор: ©Радован Бујовиќ / факултети.мк
Пишува: Сребра Ѓорѓиевска

Млади, полетни, полни со желби, малку и во недоумица што ги чека, некои со мајките и татковците под рака, идните студенти денес се упатија на многуте факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Едни со голема желба, други – со идеја да поминат неколку години во главниот град. УКИМ може да прими 11.661 студент годинава, од вкупно 21.778 бруцоши колку што сите државни факултети во земјава можат да примат.

Првиот ден на првиот уписен рок на државните факултети е полн со возбуда. Некаде полупразни ходници, а некаде и редици кандидати.
На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Технолошко-металуршкиот факултет утрово беше тешко да се разминеш. Поразговаравме со неколкумина бруцоши за нивните желби и изборот на студии.

Им се восхитував на докторите на филмовите

Сретнавме неколку другарки од Берово, подготвени да ги остварат своите соништа. Весна и Елена го избрале Медицинскиот факултет.
– Јас од мала сакам да се запишам на Медицина. Уште кога ги гледав докторките на филм како се шетаат со белите мантили, посакував и јас да бидам тоа еден ден. Ми одеа тие предмети и така одлучив – вели Елена.
За Стоматолошкиот факултет се одлучи Марија, која признава дека од мала ја има оваа желба и дека имала допир со медицината покрај нејзината мајка.

Бруцошите збунети, но цврсто решени да се запишат и да студираат

Најпросперитетните професии поврзани со компјутерските науки денеска привлекоа и најмногу млади во аулите на факултетите.
Беровчанката Соња го одбрала ФИНКИ оти вели дека тоа е најбарано на пазарот и има работа. Нејзиното мислење го дели и Билјана од Тетово.
– Конкретно го следам примерот на мој братучед, успешен е во професијата. Нестрплива сум да почнам да студирам – вели таа.
Нејзината другарка Емилија, пак, го избра Факултетот за дизајн на облека на Технолошко-металуршкиот факултет, област што ја сакала одамна.
– Ме привлекува математика, привлечни ми се предметите, а засега не знам што сакам да работам. Имам братучетка која е веб-програмер и на некој начин ме измотивира – вели бруцош од Тетово.
Софија од Скопје ги избрала Семејните студии на Филозофскиот факултет.
– Преку сестра ми дознав за овој факултет, има интересни предмети. Нестрплива сум да почнам да студирам.

Студент штотуку се запиша на факултет

Првиот ден на првиот уписен рок на државните факултети е полн со возбуда. Некаде полупразни ходници, а некаде и редици кандидати.
На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Технолошко-металуршкиот факултет утрово беше тешко да се разминеш. Поразговаравме со неколкумина бруцоши за нивните желби и изборот на студии.

Им се восхитував на докторите на филмовите

Сретнавме неколку другарки од Берово, подготвени да ги остварат своите соништа. Весна и Елена го избрале Медицинскиот факултет.
– Јас од мала сакам да се запишам на Медицина. Уште кога ги гледав докторките на филм како се шетаат со белите мантили, посакував и јас да бидам тоа еден ден. Ми одеа тие предмети и така одлучив – вели Елена.
За Стоматолошкиот факултет се одлучи Марија, која признава дека од мала ја има оваа желба и дека имала допир со медицината покрај нејзината мајка.

Потполнувањето на формуларите мора да се прави внимателно

Најпросперитетните професии поврзани со компјутерските науки денеска привлекоа и најмногу млади во аулите на факултетите.
Беровчанката Соња го одбрала ФИНКИ оти вели дека тоа е најбарано на пазарот и има работа. Нејзиното мислење го дели и Билјана од Тетово.
– Конкретно го следам примерот на мој братучед, успешен е во професијата. Нестрплива сум да почнам да студирам – вели таа.
Нејзината другарка Емилија, пак, го избра Факултетот за дизајн на облека на Технолошко-металуршкиот факултет, област што ја сакала одамна.
– Ме привлекува математика, привлечни ми се предметите, а засега не знам што сакам да работам. Имам братучетка која е веб-програмер и на некој начин ме измотивира – вели бруцош од Тетово.
Софија од Скопје ги избрала Семејните студии на Филозофскиот факултет.
– Преку сестра ми дознав за овој факултет, има интересни предмети. Нестрплива сум да почнам да студирам.

Идните студенти се помгаат околу запишувањето на Факултет

Девојка од Тетовско го избрала Економскиот факултет, поконкретно сметководство и ревизија.
– Оваа насока не беше по мој избор, сакав нешто друго, ама имаме фирма и некој треба да ја наследи. И во средно добро ми одеше сметководството и сакам да почнам да студирам.
Насоката маркетинг е интересна и за Наташа од Кавадарци, која учела и во средно маркетинг и е нестрплива да почне студентскиот живот.
Бруцошка од Скопје не знаеше да ни сподели зошто го избрала Факултетот за социјална работа и социјална политика и рече дека не е баш возбудена што ќе почне да студира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.