Неколку од авионите што требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени на друго место. Дел од летовите се откажани, поради густата магла.

Објавил: admin@magazin | 22 декември, 2018 22:13

Вечерва поради магла, откажани летови на скопскиот аеродром

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Поради магла и намалена видливост откажани се или пренасочени дел од летовите до и од Скопје, потврдија од М-НАВ за МИА.

Денеска на скопскиот аеродром се пренасочени неколку летови,поради густата магла. Едниот авион од Цирих требаше да слета во Скопје е пренасочен кон аеродромот во Приштина, а другиот од Варшава е пренасочен кон Отопени. Кон Приштина бил пренасочен и летот на Визер од Мемингем. Откажан е и лет од Истанбул, кој бил закажан за 19:45 часот.
Од скопскиот аеродром последниот авион полетал во 15:47, а летал до Белград, покажува информативниот систем на официјалната веб страница на аеродромот „Скопје“. Иисто така е откажано е и полетувањто за Варшава, закажано за 17:05, а откажан е и летот за Истанбул, кој бил предвиден за 20:40 часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести