Во колоните најголем број на возила се со македонски регистерски таблички.

Објавил: Весна Петровска | 24 мај, 2019 9:29

Внимание: Граничниот премин Богородица блокиран!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2019 година (петок), „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Па по тој повод Македонците споениот викенд го искористија за одмор во Грција.

Според информациите на КУРИР на македонската граница се чека дури и по 40, па се до 50-тина минути, што е неполн час.

Во колоните најголем број на возила се со македонски регистерски таблички.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот денеска на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести