Опозициски притисок врз власта

Објавил: Узунов Бобан | 20 мај, 2019 10:02

Во соседството се пуштаат автопати, Заев не може да пушти готов автопат во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин

Република Србија го заврши коридорот 10 низ најтешката траса долж истиот, а Зоран Заев во Владичин Хан се радува на успешните потфати на нашите соседи.

Очекувано е секој возач и патник кој што ќе го користи коридорот 10 да се радува на новото автопатско решение, но Заев е премиер и зема плата од граѓаните на Македонија не само да се радува на туѓите успеси, туку и да сработи нешто за кое што е платен, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека во соседството пуштаат автопати, Заев една година не може да го пушти готовиот автопат Скопје – Штип, кој беше завршен од владата на ВМРО-ДПМНЕ. На Заев му требаа месеци за да договори трубачи и да го пушти завршениот автопат Демир Капија – Смоквица, направен во време на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од Заев лидерите на земјите од регионот забрзано работат за нивните граѓани и држави.

Работата е непознат поим за Заев. Тој не ја практикува дома, затоа и оди во странство да види како изгледа ефектот од истата. Заев е скаран со зборот инвестиција. Тој и неговата неспособна влада за првите три месеци оваа година реализираа само 6% од годишно предвидените капитални инвестиции. Зоран Заев за разлика од лидерите на другите држави во регионот и Европа е синоним за корумпиран неработник и неспособен.  Државата само тоне со Заев, затоа и треба да си замине. Граѓаните ја чекаат металата на Заев, која ќе го измете него и целата негова влада“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести