Во болницата има 30 хирурзи, за разлика од анестезиолозите, кои се само 11, па од оваа установа велат дека тоа е навистина проблем кој ќе мора итно да го решат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2020 11:51

ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ПОДГОТВЕН ЗА РЕДОВНИ ОПЕРАЦИИ: Од денес ќе се прават хируршки зафати и на пациенти кои немаат ковид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градската болница „8 Септември“, која во моментов е најголемиот ковид-центар во земјава, од денес ќе почне и со редовните операции на пацинети кои не се позитивни на вирусот. Од почетокот на март, откако беше прогласена епидемијата во земјава, болницата е здравствена установа во која се хоспитализираат најголемиот број пациенти заразени со корона вирусот, а истовремено тие се и со најтешка клиничка слика. Од овие причини, во болницата практично и да немаше операции, освен тие што беа итни, објавува Курир.

-И покрај тоа што во моментов има точно 100 хоспитализирани пациенти болни од ковид, од кои тројца се на респираторна поддршка, во текот на изминативе скоро две недели се направи реорганизација во болницата за да можеме да правиме барем по три хируршки зафати кај пациентите кои веќе неколку месеци чекаат, а за среќа не се итни, велат за Фактор од ГОБ „8 Септември“.

Истовремено потенцираа дека дел од пациентите болни од вирусот се префрлени на првиот кат, каде претходно беше сместена кардиохирургијата на Жан Митрев, а целосно е исчистена и направена е дезинфекција на шок собата, односно интензивната нега, како и оперативниот блок за да се стават во функција за редовните операции.

Во болницата има 30 хирурзи, за разлика од анестезиолозите, кои се само 11, па од оваа установа велат дека тоа е навистина проблем кој ќе мора итно да го решат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести