Загубеното да се поврати, добиеното да се зачува и зголеми или зајакне.

Објавил: admin@magazin | 7 јануари, 2020 19:52

Груевски со честитка: Нека овој Божиќ донесе повеќе сила, Македонија мора да се придвижи напред

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонија мора да се придвижи напред. Повторно да стане силна и гордост на нејзините граѓани. Да стане достоинствено место за живеење, побогата и поправедна земја со посплотен народ во неа, посакувана за живот а не за заминување, упати честитка по повод Божиќните празници поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Позитивната да ја надвладее негативната енергија. Оптимизмот да го победи песимизмот. Меѓусебните помагања, разбирање, толеранција, охрабрувања и позитивни поттикнувања да се повеќе од меѓусебните расправии, нетрпеливост, бесконечни меѓусебни критики и омаловажувања.

Љубовта да ја надвладее омразата.
Успесите да се далеку побројни од поразите.

Како кај секој поединец, така и кај народот во целина и самата држава.
Загубеното да се поврати, добиеното да се зачува и зголеми или зајакне.

Да биде подобро место за живеење на Македонците и сите други нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати. Христијани, муслимани, евреи, атеисти, сите сакаат посреќен и побогат живот и посилна држава, пишува Груевски.

Нека овој Божиќ донесе повеќе сила и пред се мудрост на сите за да се дојде до највозвишените цели.
Христовото раѓање е посебен ден. Ден кој не зближува, не замислува, ден на преиспитување, промислување, ден кога се потсетуваме на вистинските вредности и на Бога. Да пробаме секој ден да размислуваме и делуваме како кога е Божиќ. Колку повеќе успееме, толку животот ќе ни е поубав. Од нас зависи!
Христос се роди! Честит Божиќ!
За многу години здравје и спокојство. Успех и чувство на среќа и задоволство, пишува Груевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести