Пановски вели дека вирусот многу слабо се шири на отворено, особено ако има дистанца. Вели дека е потребен многу близок контакт кој трае подолго и тоа со луѓе кои не живеат заедно за вирусот да се пренесе.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 август, 2020 19:34

Д-р Пановски: Подобро да ги затворат плажите, во Охрид никој не носи маска освен келнерите

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во изјава за телевизија Трлма, професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски рече дека е подобро да се затворат плажите, бидејќи задолжителното носење маска не се почитува.

-Моментално сум на плажа во Охрид. Има 600-700 луѓе. Маски носат само келнерите и персоналот. Има два-тројца што ја носат под брада. Никој друг не носи маска,вели д-р Пановски.

Пановски вели дека прописите како оној за задолжително носење маска на плажа, не се почитува.

-Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени. Тоа е мачење. Никој со здрав разум не би го направил тоа, да седи со маска на плажа. Значи, по охридските а веројатно и по останатите плажи, маски не се носат, бидејќи е тоа невозможно, е оценката на професорот.

Пановски вели дека вирусот многу слабо се шири на отворено, особено ако има дистанца. Вели дека е потребен многу близок контакт кој трае подолго и тоа со луѓе кои не живеат заедно за вирусот да се пренесе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести