Досега 90.980 луѓе се разболеле во Турција, додека 2.140 починале, пренесува Ројтерс.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 април, 2020 18:29

ЕРДОГАН НАЈАВИ: После празникот Рамазан се враќаме во нормален живот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Епидемијата на вирусот Ковид-19 е близу до својот врв и земјата планира да се врати во нормален живот по крајот на Рамазан кон крајот на мај, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Досега 90.980 луѓе се разболеле во Турција, додека 2.140 починале, пренесува Ројтерс.

Епидемијата на вирусот Ковид-19 е близу до својот врв и земјата планира да се врати во нормален живот по крајот на Рамазан кон крајот на мај, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Оваа пандемија стана најголема криза од избувнувањето на Втората светска војна во однос на економските последици. Сакаме да постигнеме максимално почитување на мерките во текот на месецот Рамазан и да се вратиме во нормален живот по празниците – рече Ердоган.

Тој додаде дека засилените мерки ќе бидат воведени во 31 града во Турција и ќе бара четиридневен полициски час.

Овој исламски месец започнува исламскиот свет месец Рамазан.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.505.858 лицa. Од нив починати се 172.406, а оздравеле 659.691 луѓе.

– Во САД се заразени 792.938 лица, а регистрирани се 42.518 смртни случаи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.