Зоран Заев посакува да дојде Никола Груевски во Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 30 мај, 2019 16:05

Заев: Би сакал Груевски да си дојде дома !

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Зоран Заев нема намера да преговара со пратеници за да обезбеди двотретинско место за одземање на мандатот на поранешниот премиер и сегашен пратеник Никола Груевски, затоа што, како што рече, пратениците во овој случај треба да постапат само по Устав и закон.

Бегството на Никола Груевски во јавноста беше примено како да е организирано од страна на власта за пто одредени НВО блиски до власта побараа и политичка одговорност од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

За мене не е само банално, туку и смешно да се каже дека на Груевски не му било овозможено правото да дојде и да се пријавува за оправдано отсутен. Тој може да дојде во секој момент. Јас посакувам да дојде и веројатно ќе биде добро да си дојде дома. Тоа е нашата цел, па да се пријавува и како оправдано отустен, рече Заев.

Тој верува дека пратениците ќе постапат по Устав и закон, бидејќи, како што рече, тоа зборува и за нив, за сите, без разлика дали се од власта или од опозицијата.

Немам намера да преговарам за оваа работа со пратеници за да добијам две третини да гласаат. Тоа е на нивната одговорност и секако на нивниот етички кодекс и морал, потенцира Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.