Од што стравува Бугарија за заедничко славење на 7 октомври ?

Објавил: Узунов Бобан | 10 јуни, 2019 16:17

Зошто Бугарија не сака да го слави Гоце Делчев на 7 октомври ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Делото на Гоце Делчев може да биде мост, што ќе ја поврзе историјата со денешнината на Бугарија и Северна Македонија, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој ја предводи владината делегација на средбата во Софија, јавуваат бугарските медиуми.

 


Причината зошто Бугарија не сака да го чествува 7 октомври како заеднички празник за чествување на ликот и делото на големиот револуционер Гоце Делчев најверојатно е тоа што токму на овој ден започнува процедурата за пренесување на моштите во главниот град на независна Македонија и тој настан би се толкувал како  признание на политиката на бугарскиот  претседателот Ѓорѓи Димитров кој во тој период го признал постоењето на македонскиот народ во Пиринска Македонија, овозможил изучување на македонскиот јазик во училиштата и бил подготвен да ја отстапи Пиринска Македонија кон тогашна Југосалвија како придонес кон заложбите за обединување на македонскиот народ.


 

Веднаш по завршувањето на Втората светска војна, Македонија бара од Бугарија коските на Гоце да бидат пренесени во тогашна Народна Република Македонија.
Предавањето на моштите на Гоце Делчев е одобрено од тогашниот бугарски претседател Георги Димитров, кој по потекло е Македонец од Пиринска Македонија.
Македонците во знак на почит, три дена (7, 8 и 9 Октомври) 1946 година пешки го носат ковчегот од Софија преку Пиринска Македонија, Струмица, Штип до Скопје. На 10 Октомври Гоце Делчев е погребан во кругот на старата скопска црква Свети Спас. Заветот е исполнет и коските на Гоце се донесени во Скопје – главниот град на единствениот слободен дел на Македонија.

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева дополни дека Гоце Делчев е една од личностите, што треба да не обединуваат, а не да не делат.

Нема Бугарин, кој би прифатил одавањето почит кон неговото дело да биде на 7 октомври, изјави Захариева.
Таа изрази надеж дека до крајот на годинава експертската комисија од двете држави, која работи на историските прашања, успешно да ја заврши работата.

Двајцата министри високо го оценија исполнувањето на договорот за добрососедство и потпишаа протокол по првото заседание на меѓувладината комисија.

НА 7 ОКТОМВРИ 1946, ЗАПОЧНУВА ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА МОШТИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО МАКЕДОНИЈА

Граѓаните на Скопје и околината достоинствено и со пиетет ги дочекале дрвениот саркофаг и поворката која ги придружувала моштите на великанот Гоце.
“Со положувањето на Гоцевите мошти во оние октомвриски денови во 1946 година, придружувани од тогаш нему достојните воени и граѓански почести, се оствари историскиот аманет на неговите соборци.
Тие мошти вечно да почиваат во престолнината на Македонија.
Од тогаш овој споменик стана македонско светилиште, место на поколение пред споменот на Гоце и на сите Гоцеви знајни и незнајни соборци и македонски страдалници.
Црквата ‘Свети Спас’ стана негов вечен дом, во кој Гоце заслужено почива, но таа е и храм на ширење на македонските не само духовни, културни, туку и револуционерни традиции”, стојат запишани сведоштва од тој период.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести