Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 14315 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 845 прекршоци во изминатото деноноќие!

Објавил: Владо Марин | 14 јуни, 2020 11:43

Казни за 845 лица за неносење на заштитна маска

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19.

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 14315 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 845 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 571 контроли во објекти при што евидентирани се 2 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 217 лица им се издадени решенија за изолација, а 63 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 3 лица кои не ги почитувале овие мерки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести