– Премиерот Зоран Заев завчера ги повика новинарите слободно да објавуваат, а кога тоа го сторија, се заканува со тужба против новинар кој објавил документ за аферата Рекет, каде е наведено и неговото име.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 август, 2019 16:34

Македонската асоцијација на новинари: “ТУЖЕТЕ ГО ЗАЕВ – НЕМА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ТЕКСТОВИ”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонската асоцијација на новинари МАН ги повикува овие функционери да го тужат премиерот Зоран Заев од чиј тим се дел, бидејќи токму тој ги повика новинарите и медиумите (во неколку наврати) слободно да известуваат и информираат, вклучително и за аферата Рекет.

Во го претставуваме во целост соопштението на МАН и нивниот коментар:

– Премиерот Зоран Заев завчера ги повика новинарите слободно да објавуваат, а кога тоа го сторија, се заканува со тужба против новинар кој објавил документ за аферата Рекет, каде е наведено и неговото име.
МАН е известен дека и останатите функционери наведени во документот од сослушувањето за Рекет, вршат јавен и директен притисок и ја ограничуваат слободата на медиумите.
– МАН ги повикува овие функционери да го тужат премиерот Зоран Заев од чиј тим се дел, бидејќи токму тој ги повика новинарите и медиумите (во неколку наврати) слободно да известуваат и информираат, вклучително и за аферата Рекет.
– Ниту еден медиум или новинар на кои и се заканувате, не ве запозна со Боки 13, не ве тераше да потпишувате меморандуми за фиктивни старечки домови, не ве тераше да се сликате по заеднички вечери со него, не ве тераше да станете членови на менаџментот на Меѓународен сојуз, не ве тераше да учествувате во неговите нелегални активности, не ве тераше да молчите за рекетот. Тоа е исклучиво ваша активност (законска или незаконска) а медиумите известуваат за последиците од тие ваши заеднички активности. Оттука, МАН ве повикува да си го тужите Боки 13 што ве вовлекол во најкриминалната афера во историјата на независна Македонија.

-Што се однесува до ОЈО и заплашувањата дека е кривично дело објавувањето документи од јавен интерес, дека не се почитува презумција на невиност и се загрозуваат животи на лица од истрагата, треба да се потенцира дека документите и снимките за случајот Рекет се од јавен интерес, бидејќи станува збор за најголемата криминална афера во независна Македонија, во која учествуваат лица од врвот на власта, СЈО и судството.

Го потсетуваме републичкиот обвинител Љубомир Јовевски дека токму тој на последната прес конференција изјави дека немало инолвирани политичари во случајот Рекет. А записникот го покажува сосема спротивното. Ја прашуваме обвинителката Вилма Рускоска зошто не реагираше кога се објавуваа секакви детали по медиумите за случајот 27 април. Аудио разговори и документи за истраги од Катица Јанева со години се објавуваа по медиуми блиски до СЈО и СДСМ, за кои никогаш ниту еден обвинител од СЈО јавно не реагирал.

-Наместо ОЈО да објаснува за пресумција на невиност, треба да ја прашате обвинителката Рускоска, бидејќи на нејзина прес конференција осомничен се шета со лисици на раце пред десетици ТВ камери за случајот Рекет.
-Самиот премиер на прес конференција кажа дека од медиуми чита одлуки и информации пред да ги објави самото обвинителство.
-Заканите за тужби и острата реакција на ОЈО е само продолжение на владиниот акциски план за контрола на медиумите, особено на интернет медиумите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести