Министерството за внатрешни работи вчера преку соопштение најостро ги демантира, како што викаат, лагите што ги изнесува политичката партија ВМРО- ДПМНЕ и соопштија дека бројот на кражби и разбојништва во Скопје е значително намален.
МВР рекоа дека изработката на целата статистика за 2018 година е во тек и наскоро ќе биде објавена на веб страницата од МВР. Тие исто така посочија и дека според анкетите на граѓаните, 75 % од народот се изјаснуваат дека се чувствуваат безбедно во Македонија.
-Ја известуваме јавноста дека бројот на кражби и разбојништва во Скопје е намален. За тоа сведочат официјалните бројки, кои очигледно не им се важни на оние што имаат намера да ја лажат јавноста. Фактите говорат дека во 2018 година во Скопје евидентираме значителен пад на бројот на тешки кражби во објекти во споредба со 2017 година и тоа за 12,60% кај станбените објекти и 36,85% во останати објекти. Разбојништвата, пак, се со намалување од 29,20%. Изработката на целата статистика за 2018 година за работењето на МВР е во тек и ќе биде објавена на веб страницата на МВР, како што тоа се прави секоја година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.