Недоразбирање за власта, за другите лажни вести ?

Објавил: Узунов Бобан | 2 септември, 2019 15:40

Министерот Бектеши ширел лажна вест, Владата демантира дека минималната плата ќе биде 15.000 денари ?

Фото/Текст извор: ©магазин

По лавината реакции што се појавија во јавноста по информациите дека министерот за економија Крешник Бектеши најавил дека тој ќе порасне на 15.500 од владата денеска уверуваат дека станува збор за недоразбирање.

„Покачувањето на минималната плата е предвидено, но висината не е се уште утврдена бидејќи во тек се консултации со коморите и работодавачите.“ – е денешниот став на Бектеши, лиферуван од Владата.

Владата од неодамна најаваи борба против лажните вести и предлог стратегија, но дали ваквите лиферувани информации од челните луѓе на извршната власт ќе бидат покривани како “недоразбирање”, а за сите други информации од личности и медиуми предвреме и наменски ќе бидат етикетирани како лажни вести ?

И додека се чека одлуката за минималецот, она што е познато, а треба да се реализира со прекројувањето на државната каса следниот месец, е мерката за субвенции на придонесите за покачувањето на платите во приватниот сектор до 100 евра.. Веќе е дефинирано дека работодавачите ќе треба да плаќаат само персоналец, а останатите давачки ќе бидат на товар на државата. За оваа мерка, премиерот Зоран Заев викендов од собраниска говорница најави дека се планирани околу 40 милиони евра.

Парите веќе се предвидени во ребалансот, најави и новата министерка за финансии Нина Ангеловска во нејзиното прво интервју дадено за државната МИА.

-Она што сега можам да ви кажам е дека пресметката е вклучена во ребалансот и сметам дека е добро тоа што мерката ќе овозможи малите и средни компании и воопшто компании да можат да дадат поголеми плати, а притоа да бидат ослободени од плаќање на придонесите, вели Ангеловска.

За Ангеловска денеска е првиот работен ден на функцијата министер за финансии. Министерката уверува дека ќе вложува во проекти за намалување на невработеноста и раст на платите. Таа доаѓа од приватниот сектор, и е првата жена која застанала на оваа функција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести