петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Како што вели Мицкоски бомбите не можат и не смеат да бидат доказ во постапката

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 април, 2019 0:12

Мицкоски: Ова СЈО нема ниту еден случај против власта тоа е доказ дека работат под политички диктат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во денешното гостување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата Клик Плус на ТВ 21 истакна дека има сериозни индиции дека Специјалното Јавно обвинителство има направено злоупотреби и побара да се форми комисија каде што ќе се испита каде се потрошени 15 милиони евра на Катица Јанева и нејзините соработници.

-Имаме ние индиции дека има злоупотреба, што значи дека некој треба да го провери работењето на Катица Јанева и соработниците и да видиме каде отидоа 15 милиони евра, вели Мицкоски.

Како што вели Мицкоски бомбите не можат и не смеат да бидат доказ во постапката, додавајќи дека веќе две пресуди на СЈО се оспорени од Европскиот суд на човекови права.

-Велат бомбите не смеат да бидат доказ. Кажете ми еден случај, еве сега прифатија два случаи во Стразбур каде нелегално стекнат материјал од свиркач е доказ, еден пример, побара Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски беше гостин во емисијата Клик плус на тв21

Тој побара од новинарите да му кажат дали имаат слушнато една бомба за Зоран Заев и за другите високи функционери на СДСМ, додавајќи дека СЈ нема ниту еден случај против актуелната власт што јасно покажува дека СЈО работи под политички диктат.

-Слушнавте ли бомби за Зоран Заев или за овие другите, праша Мицкоски.

Инаку Мицкоски во емисијата разговараше на повеќе теми но на прашањето доколку тој биде премиер во иднина, истакна дека никогаш нема да ја употребува придавката Северна.

-Ова е за мене Македонија и Македонија ќе остане. За да се случи промена на Уставот, ние чесно пред граѓаните ќе излеземе со две понуди. Се знае, за да се промени Уставот, за да отидеме ние чекор назад, мора да имаме 80 пратеници и услов Бадинтер. Ме прашувате зошто го употребувам името Македонија. Јас ви давам одговор, никогаш нема на митинг, на состанок, да го употребам името со новата придавка, рече Мицкоски.

Извор: Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.