Од ВМРО велат дека растат трошоците за живот, а платите остануваат исти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јули, 2019 23:40

Над 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото нетпрес

Заев се што ветуваше во предизборието е лага.Со СДСМ и Зоран Заев граѓаните секојдневно се повеќе осиромашуваат,стои во соопштението на ВМРО.

Од ВМРО велат дека растат трошоците за живот, а платите остануваат исти.

Со СДСМ на власт наместо платите на граѓаните да растат, растат трошоците за живот, долгот, корупцијата, криминалот и даноците. Реалните бројки покажуваат дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, реализација на капиталните инвестиции за само 5 месеци изнесува 13,74 проценти, над 70 проценти од граѓаните земаат плата помала од просечната, а над 70 до 80 проценти од младите размислуваат да се иселат од државата.

Неспособноста и негрижата на Заев ја чувствуваат граѓаните на Република Македонија,велат од ВМРО.

Од опозициската партија додаваат дека овие две години, откако на власт дојде СДСМ, народот живее во сиромашитија.

СДСМ наместо живот донесе беда и сиромаштија на граѓаните. На граѓаните на Република Македонија им се потребни промени, а тие ќе се случат по формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.